Поранешниот натпреварувач на „Операција триумф“ со бендот настапува на концерт на Анастасија!

Пејачката со моќен и препознатлив глас, Анастасија, ќе настапи на 1-ви јули во Комбанк Арената, а публиката ќе го дочека нејзиниот настап загревајќи се со Вукашин Брајиќ и неговиот бенд.
Вукашин Брајиќ во широката јавност стана познат во 2008-ма година, со учеството во регионалното талент шоу „Операција триумф“, каде го освои второто место во финалето.

Со уште тројца учесници во 2009 година го формираше „ОТ Бенд“ кој дебитираше на „Беовизија“, а истата година со останатите учесници на „Операција Триумф“ имаше преку 50 концерти, од кои и еден како предгрупа на концертот на Џејмс Блант во Белград.

Од „Операција Триумф“ до Евровизија, кариерата на Вукашин Брајиќ оди само по нагорен пат, што го потврдува фактот што денес има над 400 јавни настапи и голем успех со актуелниот сингл „Na usnama”.

- Реклама -