Траверс Бејнон, познат како „Candyman“, е поранешен австралиски играч на фудбалската лига, а сегашен тутунски тајкун кој има амбиција да стане австралискиот Хју Хефнер.
Тој својот имот во близина на Златната обала во Квисленд го претворил во вила како познатата Плејбој палата.
На забавите во т.н. „Кендишоп вила“ присуствуваат неколку десетици девојки, кои со изгледот неверојатно потсетуваат на Плејбој зајачиците.
Австралискиот Хју Хефнер се надева дека оваа вила ќе стане популарна како Плејбој палатата, и дека тоа ќе му го зголеми богатството.
Бејнон поседува и возен парк во кој се наоѓаат автомобили од брендовите „Ферари“, „Ламбурџини“ и „Ролс-Ројс“.
На својот Инстаграм профил овој поранешен спортист објавил повече од 700 слики, а сега го следат околу 14.500 луѓе.
На сликите кои ги објавува се гледа блуд и разврат, а ги користи и за внимателно да рекламира цигари, што инаку е забрането во Австралија.
Гостите на неговите забави потврдиле дека во нив виделе вистински спектакл: од стриптизети и стриптизери до диви животни и егзотични автомобили, како и дека во неколку наврати некои од гостите пристигнале со хеликоптер.