Надеж за изборен ден во најдобар ред и надеж дека вечерва ќе дознаеме кој ќе биде новиот, петти претседател на државата, изрази веќе за некој ден екс-претседателот Ѓорге Иванов, откако денеска го даде својот глас на избирачкото место во средното училиште „Јосип Броз Тито“.
Тој рече дека очекува идниот претседател да има многу помирен мандат, да се справи со сите предизвици и да наоѓа решенија со сите институции за добробитта на земјата, на граѓаните и за остварување на стратегиските цели што ги имаме поставено.
„На идниот претседател му посакувам да ги исполни сите ветувања зашто тоа граѓаните го очекуваат и да го сочува достоинството на институцијата Претседател“, додаде тој.