Студентски дописки на меил
Драга Бонито. Имам пар запажања од градов од претходните недела и пол. Па еве да ги споделам со тебе, а и да останат у архива ко благо наших студентски дана.
Градов ви има многу лица. Ваљда и зависи од каде му приоѓаш. Овде од Автокоманда према центар ко да има 80ти лик. Посебно ако идеш у доба кога сонцето пополека се спушта на хоризонтот и така благо ги осветлува тие бруталистички здања од социјализам како Континентал, МТВ и НБРМ у позадина. Измешано со огромниот булевар и автата кои ги гледаш (потачно слушаш ваљда) онака ко у доплеров ефект, строго у поминување. У пресрет често ти идат некои момци и девојки кои ваљда седат у Стив. Има некој моментален тренд мажите да се ишишани јако кратко, со тоа што тоа е пократко на страната, а за прст подолго на врвот. Жените фураат некои капути, онака у пастелни бои, а и некои шишки и долги коси. Зборат на дијалекти, јако чаврљаво, ко девојчици у Јапан. Све на све делува ко сцена од аниме Акира од 80 и некоја. Ко НеоТокио што викаат таму, а и маживе и жениве ептен влегуваат у тие шаблони.
Кога одам према факс по тој пат често слушам рани електронски класици како Вангелис, Крафтверк, Жан Мишел и супер пасуваат. Одаваат онака некој ентузијазам, некоја нада у иднина и у човештво, секако заедно со архитектурава. Све тоа ко да збори за некој изгубен сон на некој просперитет, некоја еднаквост, некоја индивидуалност и зрно осаменост. Ко да се луѓево надале дека у следна генерација луѓето више ке почнат да го освојуваат космосот и така ке настане некој космополитизам, и све тоа баш убаво ке изгледа од некоја висина гледано.
Преку ноќ ко да има Линчовски дел, онака со оние жолти светла, ко сепие. Со напаѓани лисја, и така некој успорен уморен ритам, и ко све да е обвиткано со некоја мистерија или веќ нешто. Ко Твин Пикс, посебно кога проаѓаш кај Шумарски тука па ги гледаш сите тие дрва, клупи направени, некои ко брвнари и слични ствари.
Другарот Н.