Порака „од горе“? Видео од христијанска миса во моментот на експлозијата во Бејрут

Со сѐ што досега се случи во оваа 2020 година, а со оглед на фактот дека имаме уште пет (според досегашното искуство) неизвесни месеци до крајот, веќе престанува да биде смешно и мемето дека оваа година е најлошата. Фали уште, којзнае, да се јави Господ со видео порака, за да ни потврди дека постои и дека сѐ ова се случува со негово знаење… Ах пардон, имаме и такво!

Несериозноста на страна, ама токму така верник би можел да го протолкува следново видео од миса во Бејрут во моментот на експлозијата, поради сета симболика (случајна или намерна) која ја содржи.

Како што пренесува „Макфакс“, снимката е исечок од пренос во живо (поради Ковид-19) на света миса предводена од либански свештеник. Во моментот на експлозијата, како што може да се види, се затресува целиот објект на црквата и се гаси струјата, а со тоа и осветлениот крст), а потоа, неколку мигови подоцна, под налет на шоковиот бран од експлозијата, почнуваат да паѓаат орнаментите од таванот.

Свештеникот тогаш тргнува да бега, а, се чини, едно од парчињата паѓа токму врз него. Засега нема информации дали свештеникот е повреден.

- Реклама -