Порака од форумот во Давос: Редно е светот да прифати четиридневна работна недела

Пократкото работно време носи низа погодности за работниците, но и за работодавачите, па светот би требало конечно да прифати четиридневна работна недела, порачуваат психологот Адам Грант и економистот/историчар Рутгер Брегман од Светскиот економски форум во Давос.

„Мислам дека имаме некои добри експерименти кои покажуваат дека ако го намалите работното време, луѓето работат подобро и поефикасно го насочуваат своето внимание, па одработуваат исто колку и за подолго работно време, а често и поквалитетно и покреативно. Исто така, луѓето им се и полојални на организациите/компаниите кои се подготвени да им дадат поголема флексибилност за да се грижат за својот живот надвор од работата“, вели Грант – психолог од Вортон школата при Универзитетот во Пенсилванија.

Рутгер Брегман, економист и историчар, автор на книгата „Утопија за реалисти“, е целосно согласен со Грант. Тој објаснува дека пократката работна недела и не така радикален чекор.

„Со децении најзначајните економисти, филозофи и социолози, сé до 1970-тите, веруваа дека сé помалку ќе работиме. Уште во ’20-тите и ’30-тите години од минатиот век постоеја големи капиталистички претприемачи кои открија дека ако ја скратите работната недела, вработените стануваат попродуктивни. Хенри Форд, на пример, откри дека продуктивноста се зголемува ако се скрати работната недела од 60 на 40 часа, бидејќи работниците не се толку изморени во своето слободно време“, објаснува тој.

Прочитајте и:  Исланд прифати пократка работна недела и има полн погодок

Нивните ставови се поддржани од академските истражувања. Неколку студии покажуваат дека пократка работна недела ги прави луѓето посреќни и попродуктивни. Податоците на OECD (Организација за економска соработка и развој), од друга страна, покажуваат дека земјите со култура на подолго работно време, често имаат полош резултат кога во прашање е продуктивноста и БДП по час работа.

Има и примери како тој во Нов Зеланд, кога пред една година компанија жестоко ја критикуваше четиридневната работна седница. Во меѓувреме, компанијата се премисли, па потврди дека трајно ќе ја скрати работната недела.

Истражувачите зад студиите се согласуваат во неколку точки околу бенефитите од пократката работна недела: Вработените покажуваат и пријавуваат пониско ниво на стрес, а повисоко ниво на задоволство од работата. Исто така, чувствуваат подобар баланс меѓу работата и животот. А за возврат, се покажало дека работниците се за дури 20% проценти попродуктивни.

- Реклама -