Порака од братот на Али Ахмети: „Стремете се кон Албанија за да се спасите од канџите на непријателот“

„Ооо Албанци, соберете се денеска за единство, бидејќи само неразделни можете да напредувате. Знаење и слобода се стекнуваат само кога ќе постои љубов, инаку тие исчезнуваат и живееме како партии“, порачал братот на лидерот на ДУИ – Фекри Ахмети, во видео што на социјалните мрежи го објавил на 19-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, односно 13 август, за кога ДУИ ги повика лидерите на останатите партии од албанскиот политички блок на заедничка сеалбанска средба.

ДУИ и нивниот лидер во изминативе два дена не пропуштаат да изразат разочараност, но и прекор кон останатите албански лидери затоа што не ја прифатија поканата, а очигледно таа разочараност ја споделува и братот на Ахмети:

„Не се карајте, не се разделувајте, оти непријателите тоа и го очекуваат, туку братството чувајте го и нека цркнат во сопствениот инает“, порачува тој.

Но, во видео обраќањето споделува и повеќе од тоа:

„Како можеме да бидеме браќа со непријателот, кога тој самиот бесрамно нè става во опасност“, вели понатаму Фекри, цитирајќи стихови од познати албански преродбеници, порачувајќи Албанците „да не ги слушаат тие што им велат дека се исто племе со нив“.

„Така тие се навикнати да доминираат секогаш, тие никогаш не сакаат да нè гледаат како напредуваме, туку да бидеме сите неуки и постојано да нè водат. Албанецот, велат, не може да биде цивилизиран, затоа што нема јазик за пишување“…

Прочитајте и:  Крвава расправија на ученици во Тирана - еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата

Спасот, според Фекри, е во стремеж кон Албанија:

„Албанецот со сето срце не сака друго освен Албанија, која му даде име, но му даде и храброст. За храбри сте храбри, ова и самите го знаете, но каква полза има за татковината кога не е таа што била…

Стремете се кон Албанија, да се спасите од оваа опасност, да кренете глава. Спасете се од нивните канџи, а потоа да сте среќни. Ако сте родољуби и Албанци, сплотете се како што беше во времето на Скендербег“, порачува братот на лидерот на „интегративците“.

 

- Реклама -