Порака до Филипче од денешниот протест на здравствената администрација

Администрацијата и помошно техничкиот персонал од здравствениот сектор повторно излезе на протест пред Министерството за здравство бидејќи и покрај преговорите не добија зголемување на платите како и медицинарите.

На Филипче му порачаа-дела, а не само зборови и најавија тужби и претставки до Уставен. Добија подршка денеска и од здравствените синдикати од кои побараа да не ги потпишуваат колективните договори бидејќи нема повисоки плати и за правниците, возачите, болничарите.

Од Синдикатот на Клинички велат дека се во многу тешка ситуација, бидејќи ако не го потпишат колективниот, поголеми плати од февруари нема да добијат ниту лекарите и медицинските сестри.

Административците во здравството се револтирани што не ги одделуваат од јавната администрација и за во иднина не ја исклучуваат можноста за штрајк.

- Реклама -