Поради ова над 200 000 луѓе престанале со пушење

Американската влада ја прогласи својата прва национална анти-пушачка кампања за огромен успех.

Од Централата за контрола на болести и превенција објавиле податоци според кои над 200 000 луѓе се откажале од цигари поради кратките видеа под заедничко име „Совети од поранешни пушачи“ емитувани во текот на три месеци во 2012 година, а се проценува дека половина од нив веќе никогаш повторно нема да пропушат.

Видеата ги прикажуваат бруталните последици од пушењето кои ги доживеале поранешни пушачи и ги упатуваат гледачите да се откажат од цигарите пред да биде доцна. Кампањата била толку успешна што веќе се работи на нови видеа што ќе почнат со прикажување следната пролет.

[youtube]http://youtu.be/GEWky9PEroU[/youtube]

 

Сите видеа погледнете ги ТУКА!

- Реклама -