Поради немање кворум откажано вонредното изборно собрание на ДПМ

Поради немање кворум откажано е денешното Вонредно изборно собрание на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ).

Како што информираат од ДПМ откако се констатирал бројот на присутните членови, било заклучено дека немало кворум за работа.

-Од вкупно 286 члена на ДПМ, биле присутни 73 члена, а за кворум за работа на седницата потребни се 96 члена. Според тоа, на Вонредното изборно собрание на ДПМ немаше кворум за работа на седницата, се наведува во соопштението. 

- Реклама -