Поради коpoнавиpусот Германија ќе ги национализира големите фармацевтски компании?

Германската влада активно ја разгледува можноста, поради епидeмиjaта на Ковид-19, да го преземе уделот во клучните германски компании, соопшти германскиот министер за економија и енергетика – Питер Алтмајер за германскиот „Шпигел“. Според изворите на весникот, се подготвуваат милијарди евра за помош за работниците и компаниите.

„Вакви прашања, поврзани со технолошкиот и економскиот суверенитет, можат да се отворат и во случаи на кpиза, како оваа предизвикана од коpoнавирyсот“, вели Алтмајер за весникот.

 

Засега не се планира поширок бран на национализација, но таа помош, се чини, му е сосема потребна на фармацевтскиот сектор, кој многу од лековите и многу од количините набавува од Азија, оценува министерот.

Прочитајте и:  Саботажа? „Длабока загриженост“ во Германија и Финска, оштетен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји

Два посебни неименувани извора за „Шпигел“ тврдат дека министерот за економија и министерот за финансии Олаф Шолц, планираат милијарди евра за финансиска помош на компаниите и работниците пoгoдени од епидeмиjaта.

Составен дел од пакетот би требало да биде и одложена наплата на даноците, со цел да се отстранат проблемите во финансискиот проток на компаниите.

Германскиот парламент денеска во скратена процедура усвои и низа мерки кои би требало да обезбедат додаток на платите на работниците вработени на одредено време.

- Реклама -