Поради долгото име на патник му бил наплатен поскап авионски билет

„Тајланд ервејс“ му наплатила на еден патник дополнителен билет од многу необична причина, објави тајландскиот весник „Банкок Пост“.

Наводно, службеникот на неименуваниот патник му наплатил дополнителна сума пари за време на проверката, откако било откриено дека името испишано на авионскиот билет не било идентично со оној на пасошот, пренесува Хина.

Патникот објаснил дека има добра причина за тоа. Тој објаснил дека неговото презиме е многу долго и невозможно е да се внесе целото име на Интернет-формата на авиокомпанијата заради ограничениот простор за букви.

Се вели дека „Тајланд ервејс“ преземаат соодветни мерки за да се спречи ова повторно да се случи.

„Се извинуваме за непријатностите. Образецот што патниците го пополнуваат кога резервираат или купуваат авионски билети преку Интернет, нуди 25 места за внесување на име и презиме “, рече потпретседателот Виват Пјавироди на Facebook страницата на компанијата.

 

- Реклама -