Британските медиуми пишуваат дека БиБиСи спровел внатрешна истрага за ТВ- емисијата „Top Gear“, односно за однесувањето на водителите Џереми Кларксон, Џејмс Меј и Ричард Хамонд.
Кларксон е „најинтересен“ од таму, затоа што многу често „без влакна на јазикот“ се обратува на некого или нешто, не штедејќи ги своите „резерви“ на политичко некоректни изрази.
Биле сослушани Кларксон, Меј и Хамонд, како и извршениот продуцент Енди Вилман. Директорот на телевизијата, Дени Коен добил и извештај, во кој се наоѓа и анкета меѓу сите кои работат на емисијата, а се работи за тоа дали мислите дека во емисијата се користат непсоодветни и расистички термини.
Таа телевизија до сега, поради вицкастите изјави на Кларксон, се извинувала на јавноста, амбасадата на Индија и Мексико…
Изјавите на Џереми не се ограничени на расизам, па така морал да се извини и поради тоа што луѓето кои имаат ментални проблеми, конкретко депресија и самоубиствени мисли, ги нарекол себични. Извинување следело и откако оценил дека работниците во јавниот сектор кои штрајкувале треба да „бидат стрелани пред членовите на семејството“.
Кларксон во свој стил реагирал и кога јавноста го осуди фактот дека неговиот црн териер го нарекол Дрогба во чест на Дидие Дрогба, кој е од Брегот на слоновата коска.
„Не сакам да се извинувам бидејќи убавото куче го нареков по одличниот фудбалер“, рекол Кларксон.