За вашата крвна слика да биде подобра, овој сируп е доволно да го конзумирате само два пати годишно.
Ако се омалаксани, чувствувате замор, време е да ја подобрите крвната слика. Пред да започнете со витамини, обидете се на природен начин и со природни состојки, па самите поваботете на сопствената крв.
Состојки:
1 килограм цвекло
1/2 килогам морков
Сок од еден лимон
2-3 портокали
2 кисели јаболки
1 тегла мед
Подготовка
Излупете ги цвеклото, морковот и јаболката, исечете на мали парчиња, вметнете ги во соковникот и исцедете сок. Лимонот и портокалите исцедете ги и промешајте ги со претходните состојки. На крајот, додадете тегла мед, најдобро ливадски, бидејќи е најлековит поради разноликите билки.
Сето тоа измешајте го добро, да се стопи медот и да се соедини со сокот. Количината на портокал може да биде и поголема, бидејќи се додава воглавно поради вкусот и мирисот. Готовиот сируп сипете го во стаклени шишиња. Ќе добиете околу литар и пол до две литри сируп, што е доволна количина за 15-20 дена. Сирупот пијте го секое утро, на празен стомак, додека не се испие целата количина.