Поправена е техничка грешка во Пописот, имало пермутација на податоците за атеистите – вели ДЗС

Направена е техничка грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност на граѓаните, соопшти денеска на својата веб-страница Државниот завод за статистика.

„Во соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол – Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите ‘Не е верник (атеист)’ и ‘Евангелско протестантски христијани’ е направена пермутација на податоците“, објаснија од ДЗС.

Од тие причини, посочуваат, направена е корекција во табелата, а воедно сите појави под 500 не се прикажани во табелата поради ограничениот простор.

„Се извинуваме за направената грешка“, додаваат од ДЗС.

- Реклама -