Според податоците од пописот спроведен изминатата година, кои денеска на прес-конференција ги презентираше директорот на Државниот завод за статистика – Апостол Симовски, вкупното население во државава е намалено за 185.834 лица, односно за 9.2% во однос на последниот попис од 2002 година. Бројот на домаќинствата, пак, е зголемен за 34.336, односно за 6.1 отсто.
Зголемен е и бројот на станови – за 141.031, односно за 20.2 отсто во споредба со 2002 година. Истиот изнесува 839.174.
Како што соопшти Симовски, просечно домаќинство во земјава брои 3.06 члена.
Густината на населеност на еден километар квадратен е 72.2 лица, а просечната возраст на населението е 40.08 години. Гледано по пол, на 1.000 жени има 984.3 мажи.
МИА