Замислете, не ви треба машинерија, работници, ниту основа. Објектите на британската компанија за инженеринг – Ten Folds, се активираат практично на копче и се готови за помалку од 10 минути.
Дизајнирани се како шипинг контејнер, за да можете да ги качите на камион и да ги однесете на потребната локација, било да е за прв пат, или да се селите по 10-ти пат.
Секоја „приколка“ се отвара на површина три пати поголема од транспортната големина, до вкупно 64 метри квадратни. Згора на тоа, има и дополнителни 20 метри квадратни во кои при селидба можете да складирате мебел или друга опрема.
Внатрешните ѕидови можете да ги поставите по желба, што ги прави високо адаптибилни. Тоа, меѓу другото, значи и дека може да се користат за било каква намена: канцеларии, клиники, продавници, изложби, ресторани, училници…
Цената им почнува од 130.000 долари, ама нас нé интересира да заживее дизајнот. Со тек на време, конкуренцијата ќе го среди останатото.
Ѕирнете им ја страната, има интересни ствари.