Понуда: Карлеуша нуди 100.000 евра за оној кој ќе донесе слика од празно Ушче

Пејачката Јелена Карлеуша не се откажува од борбата ни за Нова Година. Пејачката преку Твитер и Фејсбук профилите понудила награда од 100.000 евра за оној кој ќе донесе слика во празен Ушче.

Всушност, еден од „дебаклите“ за кои минатата година известуваа медиумите е и концертот на Карлеуша кој се оддржал на 15-ти јуни во Ушче (населба во Белград).

Ни по шест месеци, прашањата не стивнаа, а испровицирана од натписите во медиумите дека Ушче бил празен за време на нејзиниот концерт, Јелена на новинарите им понудила награда од 100.000 евра за „барем една слика од празната ливада“.

Карлеуша смета дека медиумите, по нејзино мислење се „необјективни и неточни“ во своите изјави, и дека и нанеле неправда која сеуште неможе да ја прежали.

„Огласот“ го објавила на социјалните мрежи, а пејачката сепак малку „ја спуштила топката“ па на сите фанови им честитала Нова Година.

- Реклама -