Повеќето од нашите живописни сеќавања се поврзани со силни емоции, без разлика дали се позитивни или негативни. Негативните, сепак обично остануваат подолго, дури и кога настанот е одамна минат. Научниците докажаа дека најсилната емоција, преживеана од човекот е понижувањето.
Психолозите Отен и Каи Јонас спровеле две истражувања, во кои мажите и жените читале кратки приказни, вклучувајќи различни емоции и ги замолиле учесниците да замислат како би се чувствувале во сценаријата.
Во првата студија ги проучувале понижувањето, гневот и среќата. Во второто ги споредувале понижувањето и срамот (пр. и зборувате грубо на мајка си и таа плаче).
Научниците користеле ЕЕГ, за да ја запишат електричната активност на мозокот. Тие се интересирале претежно за две мерења кои го покажувале зголемувањето на когнитивната обработка и активација во церебралниот кортекс.
Резултатите покажале дека чувството за понижување водело до зголемување на двата показатели, што доведува до напорна обработка на информации и голема употреба на психички ресурси.
Тоа значи дека понижувањето е многу силна и интензивна емоција која има долготрајни последици.
Можеби понижувањето бара повеќе психичка обработка, бидејќи претставува комплицирана општествена емоција, при што губиме дел од својот социјален статус.
Чувството за понижување го почувствувал секој барем еднаш во животот. Некои луѓе не сакаат да се појават по таков инцидент, но има начини да се справат со ова чувство.
Еве некои од нив:
– Обидете се да ги најдете позитивните страни на настанот. Можеби сте биле понижени, но оној кој ви го предизвикал истото не ја претставил најдобрата страна.
– Ако сте налутен, најдете начин да ја искажете својата лутина. Потрчајте во паркот или изберете друга физичка активност која ќе ве растовари. Најважно е да не го држите сето тоа во себе, бидејќи така ќе ви биде уште потешко да се смирите и да заборавите.
– Поразговарајте со пријател, во кого што имате доверба. Тој може да и погледне на ситуацијата непристрасно и да ви помогне како да дејствувате понатаму.
– Вратете се на работа или на училиште и се држете се како и обично. Ако се однесувате чудно луѓето ќе имаат корист од тоа, за да ви одат на нерви.
– Запомнете дека времето лекува. Може да ви се чини дека никогаш нема да го преживеете она што се случило, но во реалноста повеќето луѓе забораваат после неколку месеци.
– Насмевнете се.