Понеделник и петок неработни за граѓаните од католичка, односно православна вероисповед

Согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 26 април 2019 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Неработен, но за граѓаните од католичка вероисповед, ќе биде и следниов понеделник, 22 април 2019, кога католиците слават втор ден Велигден.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им ги честита празниците на граѓаните од православна, односно католичка вероисповед.

- Реклама -