Понеделник неработен за сите граѓани. Ќе има ли полициски час?

Понеделник (25 мај) е неработен ден за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Согласно Законот за празниците на РМ, 24 мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, но воедно истиот ден е и државен празник – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, потсетуваат од министерството, честитајќи ги им ги празниците на сите граѓани.

 

Како што најави неодамна премиерот Оливер Спасовски, се разгледува опцијата, поради двојниот празник, да биде воведен 24-часовен полициски час. Конечна одлука за претстојниот продолжен викенд Владата ќе донесе на денешната владина седница, по препорака на Комисијата за заразни болести. Денес ќе се одлучува и кога ќе отворат кафулињата. Според информациите, тоа ќе биде петок или сабота.

- Реклама -