Од четврток до недела низ Македонија ќе се одржат низа настани на кои ќе се собираат средства за лекување на музичарот Ацо Конга на кого му е дијагностициран рак на коски.
Со цел да му се помогне на музичарот Ацо Конга „Горила продукција“, „Бекстејџ“, НУ „Театар Комедија“ и голем број артисти, соработници ќе организираат хуманитарни настани. На музичарот му е дијагностициран рак на коски и едната рака веќе му е ампутирана, а за понатамошно лекување се потребни уште 15 илјади евра.
Голем број кафулиња, клубови се вклучени во акцијата за собирање на дел од средствата потребни за терапијата.