Јапонците се познати по својата мудрост, почитта кон трпението и работливоста, како и сакурата – сезона на расцутените цреши, кои привлекуваат бројни туристи од целиот свет. За нив цветовите се симбол на минливоста на самиот живот – тие се убави, но убавината им е краткотрајна. Како и животот – минува брзо, па затоа треба да му се насладуваме.
Погледнете 35 помалку познати изреки и поговорки, над кои вреди да се размислува.
1. Оној кој го купува она што не му треба, еден ден го продава она што му треба.
2. Понекогаш најголемото предавство личи на преданост.
3. Подобро е да бидеш непријател на добар човек, отколку пријател на лош човек.
4. Децата на познатите ретко стануваат познати.
5. Доброто, направено тајно, се наградува на виделина.
6. Без обични луѓе, нема и големи луѓе.
7. Богатството и славата, добиени по нечесен пат исчезнуваат како облак.
8. Големата среќа предизвикува многу ситни проблеми.
9. Кога е во суфицит и лекот е отров.
10. Воспитувањето е поважно од потеклото.
11. Полесно е да откриеш десет илјади војници, отколку еден генерал.
12. Ако немаш илузии, немаш нии разочарувања.
13. Не го презирај непријателот, дури и да ти се чини слаб, не се плаши од непријателот, дури и да ти се чини силен.
14. Под морскиот светилник секогаш е темно.
15. Чувајте ги вашите очи отворени за оној кој молчи.
16. Направете сè што е во ваша моќ, другото препуштете и го на судбината.
17. Совршената вазна никогаш не може да излезе од рацете на лош господар.
18. И со најопасната змија може да се справат илјадници мравки.
19. Тешко е да се каже што се крие во душата на човек кој се смее постојано.
20. Ладен чај и ладен ориз се поднесуваат, но студениот поглед и студениот збор – се неподносливи.
21. Најдобрите пливачи најчесто се давaт.
22. Добриот трговец не ја продава целата стока одеднаш.
23. Дури и мачката, ако ја храниш три години, не ја заборава добрината што ја чиниш.
24. Зад вишокот скромност се крие гордост.
25. Понекогаш да отстапиш значи да победиш.
26. Вистинското трпение е она што не е под притисок.
27. Мајмунот и со круна на главата е мајмун.
28. Подобро да патуваш со надеж, отколку по пристигнувањето да си разочаран.
29. Боговите се смеат, само кога луѓето ги молат за пари.
30. Да почнеш е лесно – да продолжиш е тешко.
31. Кога карактерот на некој не ти е јасен, погледни ги неговите пријатели.
32. Не се радувај ако началникот те покани на ручек. Не е за убаво.
33. Ако посака, жената ќе помине и низ карпа.
34. Ако се криеш, гледај да е под големо дрво.
35. Она што сакаш да го кажеш денес, кажи го утре.