Помалку гламур, повеќе стил

Сите имаме иста желба: кога ќе си дојдеме дома по напорниот работен ден сакаме да се исклучиме од урбаната џунгла и да се опуштиме во простор што има енергија да нѐ чува од стресот.

Вообичаено луѓето забораваат на оваа желба кога избираат нов дом и едвај чекаат да дојде викенд за да избегаат некаде. Со овие реченици во главата архитектите од студиото Beef Architecture го дизнајнирале овој апартман во Братислава. Концептот што стои зад овој дом е едноставен: помалку гламур, повеќе стил и поврзување со природата преку дрвениот мебел и ѕидови.

И запамтете: урбаните градови може да бидат погодни за одмор. Само ако сте во вистинскиот дом.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 Gorgeous-Interior1

- Реклама -