Голема семејна трагедија доживеала популарната актерка Џулија Робертс и нејзиниот брат, исто така актер Ерик Робертс. Според американските медиуми, нивната помлада полусестра е пронајдена мртва вчера наутро.
Ненси Мотес имала 37 години, а се претпоставува дека несреќната жена се предозирала со лекови.
Потпаролот на семејството, ја потврдил нејзината смрт, нагласувајќи дека семејството е шокирано и уништено од болка. Во август минатата година, Мотес дала интервју во кое зборела за својот однос со својата полусестра и открила дека Џулија често пати ја задевала поради проблемите со тежината.
– Кога бев средношколка, Џулија ми даваше до знаење дека сум премногу тешка и дека морам да држам диета. Не ми го даваше тоа до знаење на добар начин. Бев повредена и тажна- рекла Мотес. Бидејќи имала проблеми со тежината, започната драстична диета и вградила желудничен бајпас. За време на истото интервју, Мотес живеела со вереникот, со кој планирала и свадба оваа година.