Половина век од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Пред педесет години на овој ден во точно 5.17 часот Скопје го погоди земјотрес со јачина од 9 степени според Меркалиевата, а 6.1 степени според Рихтеровата скала. Катастрофалната несреќа зад себе остави над илјада жртви, а повеќе од 3.000 луѓе беа повредени.  Без покрив над главата останаа 200 000 жители на главниот град.

skopje-earthquake

Потресот таел 20 секунди, а се почувствувал на простор од околу 50 000 квадратни километри.

2

По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

foto-skopje-zemjotres1

g_skopje

SkopjeMuseum_04

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

3

Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

k

Непосредно по земјотресот, претседателот на СФРЈ, Јосип Броз – Тито, изјавил:

„Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност“.

poraka-tito

Овие букви беа изработени во метал и закачени на старата железничка станица како меморијал за солидарноста во изградбата на пост-земјотресно Скопје, но беа тргнати во 2010 година.

Катастрофата во 1963 година е трето големо разурнување од ваков тип во историјата на Скопје, по 518 година кога Скупи бил разурнат и во 1555 година кога потрес со интензитет од 10 степени повторно го срамнил градот со земја. Осум месеци пред земјотресот, во ноември 1962, Скопје преживеало голема поплава, во која биле поплавени 4.500 хектари земја и 5.000 домови.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=syPYHRSkVeQ&feature=share&list=PLKG8J-8bfMubw_4E64QC8Yv9gVuVjYKr9[/youtube]

 

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=kXya6uBfYDk&feature=share&list=PLKG8J-8bfMubw_4E64QC8Yv9gVuVjYKr9[/youtube]

- Реклама -