Полот на децата зависи од гените на таткото

Повеќе... Научниците од Њукасл универзитетот открија дека мажите генетски ја наследуваат тенденцијата да имаат синови или ќерки или поедноставно кажано, мажите со повеќе браќа, поверојатно е дека ќе имаат синови и обратно, мажите со повеќе сестри – ќерки.

Научниците од Њукасл универзитетот открија дека мажите генетски ја наследуваат тенденцијата да имаат синови или ќерки или поедноставно кажано, мажите со повеќе браќа, поверојатно е дека ќе имаат синови и обратно, мажите со повеќе сестри – ќерки.

Во студијата биле испитани 927 семејни стебла со информации од 556,387 луѓе од Јужна Америка и Европа. Овие семејни стебла датирале наназад до 1600 година. Оваа студија покажала дека полот на децата што ќе се родат зависи од наследените гени на таткото. Мажите кои имале повеќе браќа поверојатно е да имаат синови, а доколку имале повеќе сестри – ќерки. Додека кај жените не било возможно да се предвиди каков ќе биде полот на нивните деца.

Студијата сугерира дека би можело да постои неоткриен ген кој контролира дали спермата ќе има повеќе X или Y хромозоми што понатаму ќе влијае врз полот на бебето. Истражувачите тврдат дека кај мажите кои имаат два различни типови алела можни се три комбинации на генот кој го контролира присуството на X или Y хромозомите.

-Мажите во првата комбинација, познати како mm, имаат повеќе Y сперма, што значи повеќе потенцијал за машки деца
-Вторите, познати како mf, кај кои е еднаков бројот на X и Y и кои имаат еднаков број машки и женски деца
-И третите, познати како ff, со повеќе X сперма и кои имаат повеќе ќерки.

Овој дијаграм демонстрира како генот функционира.

516diagram_06.1.img_assist_custom.jpg
[Boy or girl? It’s in the father’s genes]

- Реклама -