Полошкиот регион вечерва е зафатен од поголема нестабилна облачна маса, проследена со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.
Според информациите од ЦУК, од Е-112 добиена е пријава од вработен во ресторан во село, Лисец (општина Тетово) кој наведува оштетување на повеќе коли, од невремето, во паркингот на угостителскиот објект. Се очекува увид од надлежните служби.
На 112 во ЦУК е добиено известување за излевање на водата од канализацијата на ул. „169“ во Тетово. Водата што се излева од канализација навлегува во дворовите на жителите во ова подрачје и преставува опасност за поплавување на нивните семејни домови. Добиена е информација на 112 во ЦУК за поплавени подруми од семејни куќи на ул. „172“ во правец кон Сточниот пазар во Тетово.
Невремето сѐ уште трае.