Состојки:
1 лажица маслиново масло
2 лажици доматно пире
1 морков, исечен на коцки
1 кромид, ситно исечкан
250 г мелено месо
1 чаша ориз
¾ чаша вода
8 големи пиперки, можете и со бабури
брашно
сол и бибер по вкус
2 лажички оригано
1 лажиче црвен пипер
½ кафена лажичка лут црвен пипер
Подготовка:
Подгответе ги пиперките. Во садот за готвење додадете маслиново масло, кромидот, печурките и морковите. Одберете функција за пржење и поставете време 15 минути. Промешајте додека се пржи.
По 5 минути додадете ги месото и солта. По 7 минути додадете доматно пире, ориз, водата и зачините. Кога водата ќе изврие, отворете го капакот на апаратот и оставете смесата да се излади. Потоа наполнете ги пиперките. Наредете ги во садот, додадете вода, колку да покрие до половина. Одберете функција за задушување и поставете 40 минути за готвење.