Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека очекувано било да се намали бројот на заразени лица и дека се уште пикот не е поминат. Сега ова може да е резултат на помалиот број на тестови заради празниците и надлежните стојат на прогнозата дека пикот не очекува во период до завршување на месецов и почетокот на мај.
„Во Дебар се стигнати тестовите и се негативни, што значи дека сега во Дебар имаме само 2 пациенти на лекување во моментов. Во Центарот за јавно здравје во Велес е направена соодветна анкета и препишана им е самоизолација на лица, но направена е ротација на кадарот и сите одделение функционираат нормално. Денес има и епидемиолози од Скопје и ќе биде спроведен инспекциски надзор. Завршен е целосно увидот во маркетот во Велес и 15 вработени добиле решение за самоизолација„, рече Филипче на прес-конференцијата.
Министерот за здравство нагласи дека на Клиниката за детски болести нема нови позитивните случаи, до сега позитивни се 3 лекари. Претпоставен контакт е мајка на дете кое било донесено во Клиниката, таа е тестирана и е асимптоматска. На Клиниката за педијатрија се прават и телефонски консултации и сите одделенија работат нормално”, вели Филипче.
Тој соопшти и дека завршен е увидот на Институтот за судска медицина и според сите анализи на лекарите констатирано е дека мајката и синот во Велес биле починати пред 3 до 5 недели, односно во текот на март.
Според овие резултатите на лекарите ова ќе значи нема потреба од дополнителни истражувања и тие се починати во период на коронавирусот.
„Сите тестови во Истражниот затвор во Шутка се негативни, направени се околу 50 теста. И Лабораторијата во МАНУ од денес почнува со работа и ќе се прават околу 100 тестови. Во врска со некои предлози на Комисијата за заразни болести нашата земја успешна ја амортизира епидемијата, имаме линеарен пораст на заболени и здравствениот систем успешно се справува. Досегашната стратегија успешно функционира и се што беше донесено се носеше врз основа на Комисијата за заразни болести. Сите ограничувања дадоа резултати. Препораките се дека мерките мора да останат на сила се додека не сме сигурни дека сме го поминале пикот. Може да се прави благо намалување на мерките на движење, но да се подигнат мерките на лична заштита. Согласно тоа за возрасните граѓани движењето да биде од 8 до 12 часот, за младите да биде од 13 до 16 часот, а за полицискиот час да почне од сабота во 13 часот се до понеделник до 5 часот. Забраната за групирање останува, а се воведува задолжително носење на маски и ракавици во затворени објекти, маркети, пошти, пазари… а на отворено да се држи дистанца од 2 метри”, информираше Филипче.
Овие мерки ќе бидат дискутирани утре на седница на Владата и не оставаме простор за некаков ризик.
Тој додаде и дека исклучок за носење на заштитна опрема е само ако има заштитна опрема од работа, ако седи во двор на сопствена куќа, ако вози велосипед и држи дистанца од 2 метри… Под заштитна опрема се подразбира маска, шал или марама со која ќе го покриете лицето.