Полициски службеници, во координација со другите институции, им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме.
Се извлекуваат заглавените возила од подвозниците кај хотелот „Александар палас“, кај „Континентал“ и кај стоковна куќа „Мост“.
Интервенира и службата за итна медицинска помош. За МИА информираа дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повреди.