Полицијата во Дубаи користи паметни шлемови за „скрининг“ на населението (ВИДЕО)

Полициjaта во Дубаи користи „смарт шлемови“ со термален визир, вршејќи скрининг меѓу луѓето кои користат јавен транспорт во обид да ги пронајде оние кои покажуваат потенцијални cимптоми на коронавирус, а со цел да го спречи ширењето на Ковид-19.

Обаид Ал Хатбур – директор на одделот за Безбедност во транспорт, вели дека термалниот визир за само пар секунди ја скенира и покажува температурата на луѓето:

„Шлемот ја детектира температурата и користи Вештачка Интелигенција која помага и во препознавање на лица и идентификување на регистарски таблички“.

Smart helmet to detect people temperature in Dubai from GulfNewsTV on Vimeo.

И првите луѓе на полициjaта во Дубаи не штедат пофалби за паметниот шлем, кој е прв од таков вид во регионот.

- Реклама -