Полицијата спречи поголем меѓуетнички инцидент кај „Мавровка“, закана со пиштол кон демонстрантите (ФОТО/ВИДЕО)

Потенцијално поголем меѓуетнички инцидент спречи полицијата вечерва пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје откако демонстрантите против францускиот предлог, кога го минаа подвозникот и стигнаа до раскрсницата, беа нападнати со камења и шишиња од група кај плоштадот „Скендербег“, поради што дојде до физичка пресметка.

При тоа, едно лице од групата напаѓачи извадило и пиштол. Според очевидци, се слушнале и истрели.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук објави фотографија од лицето, со тврдење дека мета бил токму тој лично. Побара полицијата итно да го приведе „човекот од кој вечерва требало да биде убиен“.

Според „Дојче Веле“, повикувајќи се на извори од полицијата, пукачот е веќе приведен. Полицајците, пак, кои се нашле на местото на инцидентот, спречиле поголем инцидент и ги изолирале лицата кои фрлале со камења од правец на Старата чаршија. На местото на инцидентот со камења биле оштетени стаклата на неколку паркирани автомобили.

Прочитајте и:  ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

По повеќеминутна вербална војна, групата демонстранти продолжи кон зградата на Министерството за надворешни работи кон крајната дестинација – Собранието.

*Видео: ТВ Сител

- Реклама -