Нетфликс ја објави првата фотографија од актерот Еди Марфи од снимањето на новиот дел од познатиот филм ,,Полицаец од Беверли Хилс 4 ’’ . На фотографијата е прикажан актерот кој ја носи познатата Детроит Лајонс јакна.
Ова го означува враќањето на ,,Полицаец од Беверли Хилс’’ 29 години откако беше објавен третиот дел од филмот кој не го достигна очекуваниот успех.
Продолжението на Нетфликс – насловено како ,,Полицаец од Беверли Хилс: Аксел Фоли’’ – исто така го обединува Марфи со колегите од франшизата Џаџ Рајнхолд, Џон Ештон, Пол Рајзер и Бронсон Пинчот.
Продолжението на филмот е во режија на Марк Молој, а сценариото го напиша Вил Бил (Аквамен). Џери Брукхајмер, Чад Оман и Мелиса Рид се продуценти заедно со Марфи, додека Чарис Хјуит-Вебстер и Реј Ангелик се извршни продуценти.
Долго време на продукцијата на филмот работеше филмската куќа Paramount, но во 2019 год. истиот го превзема Нефликс. Премиерата на филмот ќе биде во 2024 година.
„Полицаецот од Беверли Хилс“ првпат беше прикажан во 1984 година и го одреди текот на кариерата на Марфи. Тој беше номиниран за Оскар за најдобро оригинално сценарио и создаде две продолженија – „Полицаец од Беверли Хилс II“ во 1987 година и „Полицаец од Беверли Хилс III“ во 1994 година.