Во петокот, по полноќ, полицаец во Тетово бил затекнат како црта графит со политичка содржина на јавна површина, објави „А1он“.
Полициската патрола, при обиколка на градот, го затекнала полицаецот пред графит со знамето со сонцето од Вергина, врз кое била испишана парола „ВМРО-ДПМНЕ“. Кога колегите го затекнале, полицаецот бил заедно со уште повеќе од пет лица, а графитот веќе бил нацртан.
Прашани дали имаат дозвола за цртање на графити на јавна површина, лицата одговориле: „Ќе прашате во седиштето на партијата“, пренесува порталот, според чии информации цртачот сам се легитимирал како колега на полицајците, иако тие му побарале само лична карта. Повеќе ТУКА.