Политика во спортот (видео)

Аргентина се обидува да ги политизира Олимписките игри во Лондон, користејќи го спортскиот настан за да го посочи своето тврдење за сопственост на Фолкландските острови. Владата на претседателот Кристина Кирчнер ја објавила оваа телевизиска реклама во која ги поврзува Игрите со нивното барање за владеење над островите во Јужниот Атлантик.

Во рекламата која трае 90 секунди Аргентинскиот олимпиец Фернандо Зулберберг тренира на островите кои според рекламата се „аргентинска почва“. Рекламата била снимена во Порт Стенли и во неа 35 Аргентинец тренира крај типичен паб, Globe Tavern, и трча крај локалниот весник Penguin News.

{youtube}lSlyQp9NAoM{/youtube}

На крајот од рекламата излегува текстот: „За да се натпреваруваме на англиска почва, ние тренираме на аргентинска почва… Посветено на паднатите борци и ветерани.“ Рекламата е дело на американската рекламна агенција “Young & Rubicam” на барање на кабинетот на претседателот и била прикажана на неколку аргентински телевизии во средата, на 30-та  годишнина од потонувањето на Генерал Белграно за време на Фолкландската војна.

Аргентинската влада не објаснала како била снимена рекламата, или дали имале дозвола да снимаат на островите. Реакциите на рекламата во Аргентина биле измешани. Иако сенаторот Анибал Фернандез на Twitter пишал: „Одлична реклама за Малвините и Олимпијадата“ неименувн претставник на владата рекол: „Ова ќе создаде меѓународни последици.“

Но целиот обид би можел да има спротивен ефект, многу Аргентинци ја критикувале рекламата. Еден од нив на сајтот на весникот La Nacion пишал: „Оваа реклама мене ми покажува недостиг на почит за војниците кои умреа на Малвините и што значи нашето барање. Дали освојувањето медали на Олимпијадата ќе нè приближат до островите? Ова е срам и игра чија намена е да ги потопи луѓето во поголемо незнаење.“

Друг пишал: „Во чија чест? Луѓе од двете страни умреа во оваа абсурдна војна.“ додека друг се пошегувал: „На островите барем никој нема да му ги украде патиките и тренерките!“ Зилберберг ќе се натпреварува на за него третите Игри по Сиднеј 2000 и Атина 2004 година.

- Реклама -