Полицијата расветлува пријава за ,,мачење на животно“ во Гостивар

Секторот за внатрешни работи Тетово извести дека вчера (3 јули) во 11.20 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица ,,Никола Парапунов“ во Гостивар лишиле од слобода 44 годишен гостиварец, постапувајќи по пријава од граѓанин за сторено кривично дело ,,мачење на животно“. Пријавата е врзана со мачка која од тераса завршила на земја, а полицијата ги утврдува околностите под кои тоа се случило.

Пријавеното лице било задржано во полициска станица за понатамошна постапка, соопшти полицијата.

Извор