Од вкупната казна, тој треба да издржи уште четири години и три месеци, информира МВР
Приведен е затвореник од КПУ „Идризово“ што избегал од затворот, а е осуден на седум години и шест месеци затвор. Од вкупната казна, тој треба да издржи уште четири години и три месеци, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен С.Б. (30), кој бил баран по централна потерница од МВР, а по наредна од КПУ ‘Идризово‘ поради бегство од затворот“,
информираат од МВР.
Оттаму велат дека С.Б. е осуден на казна затвор од седум години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 215 ст.1 од КЗ.
„За доиздржување на казната има четири години, три месеци и 12 дена“,
се вели во соопштението од полицијата.
Како што посочуваат од МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.