Полицијата поднесе обвинителен акт против поранешниот претседател на Бразил за непријавени дијаманти

Врховниот суд на Бразил допрва треба да го добие полицискиот извештај со обвинението. Кога ќе го стори тоа, главниот државен обвинител Пауло Гонет ќе го анализира документот и ќе одлучи дали ќе го обвини Жаир Болсонаро

Бразилската федерална полиција го обвини поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро за перење пари и злосторничко здружување, јавува агенцијата Анадолија.

Обвинението е поднесено во врска со непријавените дијаманти што лидерот на екстремната десница ги добил од Саудиска Арабија за време на неговиот мандат, изјави денеска неименуван извор запознаен со случајот.

Друг извор го потврдил обвинението, но без да прецизира конкретни кривични дела.

Врховниот суд на Бразил допрва треба да го добие полицискиот извештај со обвинението. Кога ќе го стори тоа, главниот државен обвинител Пауло Гонет ќе го анализира документот и ќе одлучи дали ќе го обвини Жаир Болсонаро.

- Реклама -