Полесно повреден возач на камион откако со возилото излетал од автопатот Скопје-Тетово

Несреќата се случила во близина на селото Групчин кога мажот изгубил контрола над товарното возило кое го управувал и излетал од коловозот

Четириесет и шестгодишен тетовчанец е полесно повреден во сообраќајка што вечерва се случила на автопатот Скопје-Тетово. Несреќата се случила во близина на селото Групчин кога мажот изгубил контрола над товарното возило кое го управувал и излетал од коловозот.

„Товарно моторно возило ‘МАН’ со тетовски регистарски таблици управувано од Ш.С.(46) од Тетово, изгубило контрола и излетало од коловозот. Возачот Ш.С. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово“,

информираат од СВР Тетово.

Поради несреќата, од 19:45 часот сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово беше во прекин и се пренасочуваше кон регионалниот пат меѓу двата града.

Екипа на СВР Тетово изврши увид на местото на несреќата.

- Реклама -