Спектакуларното светлосно шоу наречено Aurora Borealis ретко може да се види надвор од Арктичкиот Круг, но интензивната соларна активност може наскоро да им овозможи на голем број луѓе да го видат овој феномен над својот дом. Научниците очекуваат феноменот да биде видлив од САД, Јапонија, па дури и од бреговите на Средоземното Море.
Феноменот Aurora Borealis и нејзиниот јужен близнак, Aurora Australis, настануваат при судирот на наелектризирани честички со земјиното магнетоно поле. Фотоните од соларните ветрови добиваат забрзување по магнетнeтните линии, каде што се подложени на реакции со атоми на азот и кислород од атмосферата. Судирите со кислородни молекули ги создаваат зелената и кафеавкастата боја на поларната светлина, додека судирите со азот создаваат сина и црвена боја.
Магнетните линии ги поврзуваат двата магнетни пола на Земјата, па овој феномен е најсилен и најчесто може да се види со голо око во поларните региони. Половите имаат и уште една предност, подолгите ноќи создаваат повеќе можности за поларната светлина да биде видлива. Но, од време на време се случува поларната светлина да биде видлива подалеку од половите, со малку помош од Сонцето. Во периоди на екстремна соларна активност, Сонцето може да исфрли огромни количини на наелектризирани честички.
Речиси секогаш овие налектризирани честички ја промашуваат земјата, а дури и кога ќе ја погодат немаат голем негативен ефект врз Земјата. Сепак, ако доволно голема количина наелектризирани честички ја погодат Земјата, поголем број од нив би можеле да бидат заробени во магнетното поле. Тоа го засилува ефектот на поларна светлина, што значи дека феноменот би бил видлив дури и од Каиро и Александрија (сепак, поради светлосно загадување феноменот не би бил видлив во близина на големи градови). Сонцето во моментов поминува низ период на зголемена активност, кој научниците веруваат ќе го достигне својот врв околу 2013 година. [Solar storms could bring Northern Lights South]