Обично значењето на секоја книга се менува во зависност од перспективата на читателот. Но, некои книги можат да бидат погрешно разбрани од пошироката публика, а понекогаш тоа може да се искористи и како поттик за започнување геноцид.
Обично значењето на секоја книга се менува во зависност од перспективата на читателот. Но, некои книги можат да бидат погрешно разбрани од пошироката публика, а понекогаш тоа може да се искористи и како поттик за започнување геноцид.
„Владетелот“ од Николо Макијавели
Николо Макијавели бил извонреден философ. Од друга страна пак, веројатно се работи за најпогрешно цитираниот човек во историјата. Покрај фактот што тој никогаш не ја напишал неговата најпозната реченица: „Целта ги оправдува средствата“ (кај него таа гласела: „Целта ги одредува средствата“); целата книга „Владетелот“, со векови погрешно се интерпретира.
Кога ќе чуете оти за некој моќник ќе кажат дека се однесува макијавелистички, тоа значи дека е тиранин, а пејоративниот термин е изваден од горе наведеното дело на италијанскиот философ. Целата книга е збирка на инструкции за владеење на диктаторот од Фиренца, Лоренцо де Медичи. Инструкциите посочуваат како да се стекне и задржи моќта, дека е подобро луѓето да се плашат од вас отколку да ве сакаат и дека неискреноста се исплати доколку не ве фатат. Поради сево ова, Макијавели им бил идол на Наполеон, Сталин и Мусолини, а италијанската мафија го смета за татко на организацијата.
Но, доколку прочитате нешто друго од Макијавели, ќе видите дека тој се залагал за слободни и демократски републики. Сепак, „Владетелот“ е кусо дело што поттикнува доста емоции, а фактот што е потполно извадено од контекст, не помага во точната интерпретација.
Макијавели работел за владата на Фиренца, пред власта да ја преземе семејството Медичи. По доаѓањето, тој бил затворен и измачуван, за на крајот да му бидат скршени двете раце поради неговото залагање за слободни републики. Кога најпосле бил протеран, седнал и го напишал „Владетелот“. Имајќи ги предвид сите овие нешта, одеднаш сериозноста се претвора во тежок сарказам.
„Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол
До сега имало многу интерпретации на книгата за деца од Луис Керол. Во шеесеттите години од 20 век, во ерата на најголемите експерименти со психотропни супстанци, приказната најчесто се поврзувала со „влегување во еден нов свет“, „конзумирање чудни супстанци“, „средба со печурките“, халуцинации, чудесни патувања итн. Многу подоцна, кон крајот на векот, се појави и една смешна теорија дека се работи за ситуацијата на губењето на невиноста.
Всушност, Луис Керол е псевдонимот на многу конзервативниот англикански свештеник Чарлс Лутвиџ Доџсон, кој бил и професор по математика. Тој ја напишал книгата во 1865 година, кога најреволуционерното нешто бил напредокот во математиката. Авторот сметал дека воведувањето на новите концепти во математиката (како имагинарните броеви) ќе го наведат човештвото на погрешен пат. Тој сметал дека тие концепти биле потполно апсурдни, непотребни и без каква било примена во реалноста.
Токму затоа, Луис Керол решил да напише книга, со приказна во која ќе важат принципите на апстрактната математика, со пропорции што постојано се менуваат. Алиса е симбол за еуклидскиот математичар што со сите сили се обидува да го зачува здравиот разум во светот што се менува. „Земјата на чудата“ всушност е Колеџот на црквата на Христос во Оксфорд, каде што Доџсон работел. Тамошните „жители“ се луди, затоа што Керол сметал дека неговите колеги полека полудуваат.
„Така зборуваше Заратустра“ од Фридрих Ниче
Ниче веројатно е најпознатиот философ по Сократ и Аристотел, но за разлика од нив, по лошо. Неупатените го сметаат за одговорен за делата извршени од луѓето што ги „инспирирал“: Тед Банди, Мусолини и Хитлер.
Ова дело на Ниче ја популаризираше изреката „Господ е мртов“, а во него се говори и за концептите за традиционален морал, супериорна раса што ќе се издигне и ќе завладее со светот, природниот владетел на светот (со референца супер човек), како и „русиот ѕвер“. Сево ова било искористено од еден исфрустриран човек кој не можел ништо да стори со својот живот, па се инспирирал и одлучил да го организира холокаустот.
Доколку Ниче не бил умрен, сигурно ќе го убиел Хитлер поради генијалната, слободна интерпретација на неговото дело. Во случајов, единствениот грев на Ниче е тоа што се дружел со погрешни луѓе – неговата сестра Елизабет и добриот пријател, композиторот Рихард Вагнер, обајцата страстни следбеници на Нацистичката партија. По смртта на Ниче, сестра му ги наследиа авторските права и направила мали измени, со што додала антисемитски субтекст на напишаното. Подоцна, делата паднале и во рацете на философот Мартин Хајдегер, кој исто така бил закоравен Нацист.
Она што малкумина го знаат е дека Ниче мразел антисемитизам. Тој дури одбил да присуствува на свадбата на сестра му, поради фактот што таа се омажила со член на нацистичката партијата. На едно место има напишано оти антисемитистите треба да бидат стрелани. Сестра му, Хитлер и сите недоописменети философи го дале контекстот за врска помеѓу Ниче и теоријата за надмоќта на ариевската раса. Во суштина, кога Ниче говорел за „русиот ѕвер“, само ги опишувал лавовите.
На крајот, делот за супер човекот е општа констатација, за сите луѓе кои веруваат во субјективноста на моралот и кои се трудат сами да ги најдат вредностите во животот. Тоа е нешто што е дијаметрално спротивно од безумно следење на инструкциите од некој што поради своите фрустрации се решил да тргне во поход за уништување на цела една раса. Верувањето оти Ниче е пропагатор на нацистичките злосторства е исто толку апсурдно како да се каже дека „Животинска фарма“ е книга што предупредува оти еден ден животни што зборуваат ќе завладеат со светот.