Погледнете зошто не е паметно да стоите под дрво кога грми

Зошто не треба да стоите под дрво кога грми и како да се заштите за време на грмотевици доколку сте надвор. Се надеваме дека имаме одговор на вашите прашања, но и предупредување во видеото подолу, што може да ви се случи доколку стоите под дрво.Имено, 83,3(3) [км/сек] е брзината на светлината , што ја гледате при блесокот. Таа е приближно 250-пати побрза од звукот (приближно 0,3(3) [км/сек]), што го слушате при грмењето. Затоа прво го гледаме блесокот а по тоа го слушаме грмењето. Со слушање и пресметка може да процениме, на која одалеченост од нас е ударот на громот

Обликот на облаците е клучен

Погледнете дали облаците  личат на карфиол или се појавува  ветер. Понатами ако слушате звук на  грмење или  блесоци (светлина), очекувајте да се приближи невреме со громови.
Забележете го времето меѓу грмењето и блесокот. Време пократко од 5 секунди предупредува на голема опасност.

Што можеме да направиме за заштита?

Кога сте надвор изложени сте на две главни опасности:

1. Кога сте на повисоко во однос на околината вие сте во опасност директно да бидете удрени од гром.
2. Исто така постои и индиректна опасност при удар на гром во вашата близина. Срујата брзо се спроведува во земјата и може да ве повреди.

Дали е опасно да бидете во вода?

Да се биде во или близу вода е крајно опасно.

Како да се однесувам во планина кога грми?

Невремето со грмотевици во планините е посебно опасно бидејќи се појавува изненадувачки брзо. Обрнете внимание на временската прогноза кога го планирате одењето во планина. Ако ве фати невреме, обидете се да стигнете до планинската куќичка . Ако тоа не е возможно, тргнете се од врвот (запомнете дека не треба да бидете на највисоката точка – симнете се подолу ако сте на врвот) , клекнете, доближете ги нозете и прегнете ги со раце.

Не допирајте влажни камења и метални скали или други метални предмети. Пештера може да ви пружи заштита. Почекајте да исчезне бурата пред да продолжите понатаму.

Снимката од удар на гром во Тенесија е најдобар пример за тоа зошто во текот на олујата не треба да стоите под дрво. Внимателно погледнете го левиот горен агол и ќе забележите што се случува во моментите кога громот ќе го погоди стеблото.

http://youtu.be/41WupNHCqfc

 

 

- Реклама -