Погледнете колку луѓе се потребни за да преселат куќа со голи раце

Неверојатно видео што се  YouTube ни покажува група мажи кои креваат  цела дрвена куќа, за да ја преместат со неколку метри. Анабаптистките општини се една од верските заедници во Северна Америка што се одликуваат со љубов кон едноставниот живот и непријателството кон современите технологии. Според последните податоци во САД има 281 675 Амиши кои живеат во заедници, одвоени од остатокот од општеството, во 30 држави на САД.

Основано во XVI век, за време на Реформацијата, оваа заедница која сака да се врати кон основните вредности во однос на религијата и општествениот живот, живее и до денес „по старо”. Во Америка на врвот на технологијата и науката, Амишите се откажуваат од технолошкиот напредок, вклучувајќи ја и употребата на електричната енергија, во корист на традиционалниот, едноставен и скромен живот. Тие ги крстосуваат патиштата со коли влечени од коњи, носат исти алишта, за да го истакнат своето единство и одбиваат да им служат на машините, па дури и во градежните активности. Затоа оваа група од 80 лица се здружиле за да преместат  цела куќа само со силата на своите раце – глетка која изгледа уште повеќе чудна во свет во кој сме навикнати да мислиме дека прогресот е неизбежен:ж

- Реклама -