Погледнете како Цеца го исчисти Вождовац

Светлана Цеца Ражнатовиќ одржала акција за чистење на српската метропола, па вчера имала полни раце работа во општината Вождовац.
Таа носела патики и удобна гардероба, а на рацете работни ракавици со кои ги заштитила рацете додека го држела греблото ја чистела областа.

Цеца упатила порака до граѓаните на Белград дека градот е нивниот двор и дека треба да се потрудат да го задржат колку што можат почист.

599389_poznati-ciste-vozdovac150415ras-foto-milorad-milankovic-25preview_ff

– Се обидуваме да апелираме кон граѓаните да го чистат градот исто како што ги чистат своите куќи и дворови за да се чувствуваме удобно. Нашите улици не се депонии, па ако почесто се прават вакви акции, градот ќе стане еден од најчистите метрополи- рекла Цеца.

Можеби треба да го земеме нејзиниот пример.

- Реклама -