Погледнете како доаѓа до верижен судар

Автопатот е осмислен да може сообраќајот да се одвива побрзо со поголем простор за маневрирање, но и да се зголеми безбедноста при зголемено ниво на сообраќај. Но за жал, несреќите се случуваат.

Поради големата брзина со која се вози на автопатите, верижните судари статистички се најопасните од сите видови на сообраќајни незгоди. Најчесто причините се лошата видливост, неприлагодената брзина и недоволното растојание помеѓу возилата.
[youtube]http://youtu.be/SvQMK3OQoTc[/youtube]

Сите знаеме дека што е поголема брзината на возилото, тоа е и подолг патот на кочење. Затоа одржувањето на безбедното растојание, е клучен фактор во безбедното возење. Најмногу, во ситуацијата кога пред вас се наоѓа поголемо возило како автобус, камион или како во овој случај SUV возило. Дел од автопатот, поради големината на возилото, е скриен и не се наоѓа во видното поле.

- Реклама -