Кристијано Роналдо го слави својот 30-ти роденден, а честитки стигаат од сите страни…
Петтиот ден до февруари е посебен ден за фудбалот- истиот ден роденден слават Кристијано Роналдо и Нејмар. Бразилецот има само 23 години па за него има време, а Роналдо влегува во „сериозните“ години, најголемата ѕвезда на Реал Мадрид полни 30 години.
Со честитки за двајцата преку социјалните мрежи се јави и „најголемиот од најголемите“- Пеле.
„Нејмар со својата посветеност и ентузијазам е инспирација за младите луѓе ширум светот, а елеганцијата и креативноста Роналдо го прават светска ѕвезда“, напишал познатиот Пеле.
Роналдо организира забава за славни и богати во својата вила во елитната област на Мадрид, Ла Финци.
Со цел достојно да го одбележи влегувањето во нова животна ера и да заборави на сега веќе поранешната девојка Ирина Шајк со која неодамна ја раскина петгодишната врска, се почестил со два милиона евра вреден пентхаус во центарот на Лосабон.
Станува збор за „стан“ на два спрата со приватен лифт. Првобитната идеја била еден спрат да припаѓа на руската манекенка, но планот во меѓувреме малку се сменил па Роналдо сега ужива во двата спрата.