Лери Вајсман има 66 години, и работи како диџеј во Вилијамсбург во Бруклин, Њујорк. Го знаат како диџеј PreSkool.
Се преселил во Њујорк во 90-тите, а почнал да „диџејува“ во Вилијамсбург во 2003-тата. Претходните 10 години работел во IT секторот на една голема банка со 250.000 вработени. Во 2014-та сфаќа дека веќе не е добро да се работи во било која банка, и дека целата оваа ствар со технологијата не оди во добра насока.
„Има 250.000 луѓе што работат во Wells Fargo Bank. 90% од тие луѓе се како мене и тебе; тие се само луѓе, само сакаат да го истуркаат денот и да си ја сработат работата. Другите 10% се најзлобните, најболните, најнечесните, најлажливите, најужасните луѓе што можеш да ги замислиш“, вели PreSkool.
Вели дека се решил уште многу одамна да не дозволи ништо да го спречи во тоа да го прави тоа што сака да го прави и тоа што мисли дека е правилно. Па решил да ја напушти работата во банката и целосно да му се посвети на диџејството и продуцентството.
„Многу луѓе на мои години паѓаат во стапицата на носталгијата, кога сакаат да слушаат нешто што го слушале порано кога имале 18 години, бидејќи мислат дека така ќе бидат повторно млади. Е па човече, тоа не иде така. Сакаш да се чувствуваш како да имаш 18? Дојди во Union Pool (каде што пушта музика), остави ме да го појачам тонот до максимум, кркни есид и журкај се, ебате!“
Кога сме кај есидот, дрогите Лери ги сфаќа како средства за менување и проширување на свеста. Во мини документарецов раскажува за времето кога избегал од дома од Масачусетс во Бостон, и сретнал некој тип постар 4-5 години од него. Се размуабетиле, а Лери му ја кажал својата приказна. Одговорот на типот бил: „Dude, јас го имам одговорот“, отварајќи ја дланката и нудејќи му ЛСД.
„И тогаш решив. Ова е тоа! Ова е мојот живот. Само сакав да пуштам долга коса, да навлезам во рок’н’рол-от и да трипам… И тогаш станав хипик, во суштина“, раскажува PreSkool.
Што се однесува до музиката, смета дека „тоа што луѓето не го сфаќаат е што во 60-тите музиката беше повеќе од критична. Музиката можеше да ти го спаси животот, музиката можеше да те спречи да станеш комплетно ужасна личност“. Денес, според PreSkool, се наоѓаме во слични времиња, но сега е потешко – заради „целото срање со целата друштвена медија, телевизија и другите проклети нешта, кои им отежнуваат на луѓето да се поврзат едни со други. Едно од малкуте места на кои тоа е можно – е подиумот за играње“, инсистира Лери.
Тој исто така инсистира и дека хаус музиката, денс музиката, електронската или како и веќе да се нарекува, „има потенцијал да има голема обединувачка моќ во денешниот свет“.
А советот на PreSkool – за животот генерално, е сосема јасен. Сé што имаш, всушност го немаш. Ти само го населуваш во моментов.
„Колку луѓе на моја возраст можат искрено да се пофалат дека ќе станат денес и ќе го прават тоа што сакаат да го прават?
Ги сакам мајка ми и татко ми, ама не сакам да бидам како нив. Не сакам да бидам таков. Не верувам во такви ствари.
Цело време луѓето ти зборуваат: Кога имаш 20 треба да си ваков, кога имаш 30 треба да си таков, кога имаш 40… и знаете, сé тоа е срање!
Ако можеш да го изведеш, можеш да бидеш сé што сакаш, и на било која возраст!
Кој може да си поминува подобро од мене? Имам прилика да излегувам и да ја пуштам музиката што ја обожавам супер гласно, напраен лом, поминувајќи си одлично!
Ова е мојот начин да направам нешто токму сега, што ќе трае и после мене. И памти ми ги зборовите: Ако морам да умрам, сакам тоа да се случи на сцената на Union Pool, среде сет, додека трештат звучниците. И ако цркнам, подобро никој да не ја запира забавата. Ете толку…“