Поглаварот на ИВЗ со нечовечна изјава за судијката: Слушам има нешто проблем со здравјето… (ВИДЕО)

На вчерашната седница на Ријасетот на Исламската верска заедница, одржана во Кондово откако со судско решение за нов поглавар на ИВЗ е прогласен Скендер Бузаку, од Ријасетот порачаа дека за нив единствен поглавар е и останува актуелниот – Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи.

За нив, судската одлука за смена на Реџепи е незапаметен скандал во исламската заедница, и тоа со политичка заднина, кој нема да биде заборавен. Порачуваат дека Ријасетот е единствено тело кое назначува поглавар на ИВЗ и дека ИВЗ е силно огорчена од ваквиот скандал, пренесува „Локално“.

Огорченоста на актуелниот реис Реџепи дефинитивно се виде и во скандалозната изјава со која ја „прокоментира“ пресудата Скендер Бузаку да е нов поглавар на ИВЗ. Поточно, таа се однесуваше лично кон судијката што стои зад одлуката, и тоа кон нејзиното влошено здравје:

„Овој не го направил сама, оваа женска. Ја слушам дека она е… таму… има нешто проблем со здравје сега моментално, али не го жалам. Таквите нека пoчинaт, што побргу“, порача Реџепи гестикулирајќи со раката, што наиде на аплауз и одобрување од присутните.

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/393614188158148/

Видео: ТВ 21

- Реклама -