Поглаварот на ИВЗ: Македонскиот е див, бездушен народ, затоа нема идентитет

Вакви „просветлени стихови“ поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) – Сулејман Реџепи, изговорил во своето обраќање неодамна при поставување на камен темелник на џамија во скопското село Арнакија. Во видеото кое Реисот го објавил на Фејсбук пред два дена, тој порачува дека ИВЗ нема да дозволи да се попречува изградбата на џамии и изразува надеж дека ќе дојдат „подобри времиња“, особено за местата како село Лажец, битолско, каде луѓето, според него, повеќе од 100 години немаат џамија:

„Замислете вие каков див народ е овој со кој сме во соживот. Овие се безпримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика дека ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот не се освестува”, порачал Реџепи. Повеќе детали на „Канал 5“.

- Реклама -